Loading Video...
Ракомет
19. December 2020 - 16:30

Пелистерци подготвени за Металопастика на стартот на СЕХА лигата

 
Ракометарите на Еурофарм Пелистер се подготвуваат за првиот меч во новата сезона на регионалната СЕХА лига. 
 
 Иако, поради проблемите на Ковид-19 пандемијата, имаше бројни одложувања и стартот на сезоната беше загрозен, сепак СЕХА лигата ја започна својата јубилејна 10-та сезона. 
 
Од двата македонски претставници Вардар и Еурофарм Пелистер, прв што ќе настапи ќе биде битолскиот тим кој во понеделник ќе го игра мечот против Металопластика. 
 
Босанскиот репрезентативец Елмир Граџан верува дека пелистерци имаат капацитет годинава да стигнат и  до завршниот турнир.
 
-Дојдовме до моментот да почнеме да ја играме СЕХА лигата, која одамна ја чекаме и која треба да ни послужи да се воиграме за натпреварите од Европската лига. Желни сме за игра, секој натпреварот е битен за нас и како и секогаш играме на победа. Ќе дадеме максимум и тоа да го оствариме.
Наша цел е да се осврнеме на себе и на нашата игра. Потоа ќе ги анализираме противниците како што доаѓаат. Сите ние сакаме да стигнеме што подалеку, се надеваме на тој „фајнал-фор“. Ќе видиме дали тоа ќе го оствариме.
Во нашата екипа има многу засилувања, многу големи имиња. Металопластика и натаму е млада екипа. Ако не пристапиме максимално, тие се екипа која може да ни создаде проблеми. Но, ние тоа нема да го дозволиме. Штом играат во СЕХА лигата не се за потценување. Сепак, се надеваме на победа, изјави Граџан.
 
Натпреварот Еурофарм Пелистер - Металопластика ќе се игра во понеделник од во спортската сала „Боро Чурлевски со почеток од 17 часот и 45 минути.