Ракомет
20. December 2020 - 14:58
Пелистерци очекуваат со победа над Металопласика да ја заокружат 2020-та година
Ракометарите на Еурофарм Пелистер се подготвуваат за првиот меч во новата сезона на регионалната СЕХА лига.
во понеделник во Битола, ракометарите на Еурофарм Пелистер ќе го одиграат првиот меч од јубилејна 10-та сезона во СЕХА лигата.
Противник е српскиот претставник Металопластика, тим за кој тренерот на битолчани Бабиќ смета дека е сериозен противник, но Хрватот се надева дека календарската година сепак ќе биде заокружена со победа
„Најбитно е што почнува СЕХА лигата. Толку ни требаа натпревари, посебно за нашите млади ракометари. Ни требаат да имаме натпреварувачки ритам за Европската лига. Сакав да игравме порано, да одигравме повеќе натпревари, но лично се радувам на стартот и очекувам добар натпревар и победа. Имавме одличен настап против Тримо Требње. Играчите се фокусирани и ангажирани и верувам дека и покрај квалитетите на екипата од Шабац, ќе ја повториме партијата од пред две недели“, изјави тренерот на Еурофарм Пелистер Жељко Бабиќ.
Натпреварот Еурофарм Пелистер - Металопластика ќе се игра во понеделник од во спортската сала „Боро Чурлевски со почеток од 17 часот и 45 минути.
-

Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
