Пченицата и јачменот во Пелагонија со подобар квалитет од лани

Пченицата и јачменот кои деновиве интензивно се жнеат во битолскиот дел на Пелагонија се со подобар квалитет од лани, информираа од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството (АПРЗ).
Од АПРЗ со седиште во Битола нагласуваат дека годинава освен подобар квалитет има и поголеми приноси на пелагониската житница.
- Жетвата во Пелагонија е во полн ек. Јачменот е ожнеан со над 90 проценти од вкупните површини и има приноси од над пет тони по хектар, додека пченицата е ожнеана на 50 проценти од вкупните површини со пченица и приносот се движи од 4,5 до 5 тони по хектар. Сакам да истакнам дека квалитетот на пченичното зрно, но и јачменот се подобри од лани, истакна Пеце Стојковски, директор на АПРЗ Битола.
Според експертите од АПРЗ подобрите приноси се должат на навремена подготовка на земјоделските површини, стручен пристап и почитување на препораките на експертите од земјоделците во услови на климатски промени.
МИА
Ново на Сител
-

Александар Вучиќ покренува подкаст
-

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност
-

Трамп предложи Ормуската Теснина да биде преименувана во „Теснина Трамп“
-

ЕУ ѝ се заканува на Русија со нови санкции по нападот со дрон на аеродромот во Лајпциг
-

Путин: Одлуката на Германија во врска со дронот во Лајпциг е уште една голема грешка на Берлин
-

Мицкоски бара Бугарија да го екстрадира бегалецот Симеон Михаилов, татко на Ива Михаилова
-

Вооружена пресметка на тајните служби во Киев: Пукале едни на други, има ранети
-

Македонската химна одекна во Таранто – Белистојановски го донесе првото злато за Македонија
