Партиски реакции за уставните измени - Бајрами ја напушти БЕСА
Ден откако Собранието дозволи да продолжи расправата за уставните измени на седницата на 18 август, власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања - кој ја кочи интеграцијата на државата. Опозицијата бара власта да го стави предлогот за уставните измени веднаш гласање, ако има мнозинство. Уставните измени под бугарски диктат нема да се случат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Знаеме дека СДС се нервозни бидејќи им се распука како меур од сапуница пропагандата која ја водеа и целата македонска јавност виде дека мнозинство за уставни измени под бугарски диктат немаат...Сега единствено решение е да го стават побрзо предлогот на пленарна седница, да се оконча нивната нерационална и штетна политика, а потоа да се оди на избори.
Владејачката СДСМ обвинува дека опозицијата прави сè за да ја оддалечи државата од ЕУ.
А обединувањето на албанската опозиција во заеднички фронт за уставните измени скапо го чинеше Билал Касами. По средбата со Африм Гаши и Изет Меџити на која договорија заеднички да делуваат во процесот на уставни измени и евентуални предвремени избори, од партијата се огради заменикот претседателот Аријанит Хоџа. По него и пратеникот Бастри Бајрами ја напушти БЕСА. Веќе го известил Собранискиот спикер дека ќе делува како независен пратеник.
Од партијата за Сител велат дека од социјалните медиуми дознале за одлуките на Хоџа и Бајрами.
„ Тоа е нивна лична одлука, најголем дел од партиските тела и структури се со апсолутно мнозинство за влез во опозицијата и испраќање на ДУИ во опозиција. Се чини дека здружената опозиција некому му пречи, но залудни се напорите да се спаси ДУИ. “.
Со ова БЕСА во парламентот останува со еден пратеник.
Исто сценарио и се заканува и на алтернатива . Генералниот секретар Зекирија Ибрахими преку обајава на социјалните мрежи вели дека нема да зачудува фактот ако излегуваат незадоволни и од Алтернатива...
Меџити пак кој му сврте грб на Ахмети, преку онлајн платформа бара име за новиот политички субјект, кој според најавата треба да го официјализира на 13 август – денот на потпишувањето на Рамковсниот договор.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
