Папата: Не молчете пред светските конфликти

Папата Лав XIV вчера ги повика верниците да не молчат за обемот на конфликтите во светот, туку да работат за мир.
Папата досега отворено ја критикуваше војната во Иран, велејќи дека војната, неправдата и изолацијата создале недоверба и страв кај луѓето и ги прекинале врските меѓу нив. „Да не дозволиме да останеме парализирани“, рече американскиот папа на миса во најсветата ноќ во католичкиот календар кога, според Библијата, Исус воскреснал од мртвите.
Во својата проповед пред илјадници верници во базиликата „Свети Петар“, папата ги повика католиците да го следат примерот на светците кои се бореле за правда, за „велигденските дарови на хармонија и мир да растат и да цветаат насекаде“.
Лав XIV, кој обично внимателно ги избира своите зборови, не штедеше критики за војната во Иран во последните недели. Минатата недела, тој изјави дека „Бог ги отфрла молитвите на водачите кои започнуваат војни и имаат крв на своите раце“. Неколку дена подоцна, тој упати директен апел до американскиот претседател Доналд Трамп, барајќи од него да најде „излез“ за да се стави крај на војната.
Папата ги заврши своите велигденски прослави утрово со миса на плоштадот „Свети Петар“, каде што ќе упати посебен благослов и порака.
МИА
Ново на Сител
-

Прв конгрес на ВРЕДИ како партија
-

Тема на денот со Ѓорѓи Илиевски, поранешен инспектор во просветниот инспекторат
-

Одбележан 9 Мај – денот на победата над фашизмот и денот на Европа
-

Путин уверен во победа над Украина - парада без тенкови и ракети
-

Германија најавува откажувања на летови и поскапи авиокарти, кај нас најавени нови линии
-

Енормно се зголемија цените на становите
-

Ристески: Лани отворени нови 15.000 работни места, историски најмала невработеност од осамостојувањето
-

Првиот технолошки парк во Македонија- вештачка интелигенција која решева реални проблеми
