Loading Video...
Фудбал
10. March 2021 - 14:23

Пандев го нападна претседателот Сејдини и членови на УО на ФФМ : Некои луѓе околу претседателот и самиот тој, не се среќни што се пласиравме на ЕП.

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев во интервју за ТВ 24, говоречки за актуелните состојби во мак фудбалот и околу репрезентацијата, го нападна раководството на ФФМ, предводено од Муамед Сејдини.
 
Пандев истакна дека претседателот и некои луѓе околу него воопшто не биле среќни што Македонија се пласиран на Европското првенство.
 
„Да бидам искраен, се кроеше долго време политика околу А-репрезентацијата и селекторот. Претседателот и некои луѓе сакаа да ја нарушат атмосферата во репрезентацијата, но не успеаја. Сејдини се дрзна да го менува селекторот пред дуелите со Косово и Грузија, а токму Сејдини и некои луѓе околу него, кои не ги ни познавам, не дојдоа ниту да ни посакаат среќа. Некои луѓе околу претседателот и самиот тој, имам впечаток дека не се среќни што се пласиравме на ЕП.
Овие луѓе од раководството на ФФМ, членови на УО кои патуваат со нас како репрезентација, се повеќе од 15 години и јас искрено не знам што направиле тие за мак фудбалот. Тие доаѓаат да се шетаат и да се радуваат кога ќе изгубиме“, разочарано вели меѓу останатото Пандев. 
 
Капитенот сепак истакнува дека ваквите заткулисни игри не ја нарушиле атмосверата во репреззентацијата и дека тој очекува Македонија да се претстави во најдобро светло на дебитантскиот настап на Европскиот шампионат.