-->
-->
Паднаа перките на познатата ветерница над клубот „Мулен руж" во Париз
-->

Перките на црвената кула-ветерница над кабаре-клубот „Мулен руж“ во Париз, паднале на земја сабајлево, меѓу два и три часот по полноќ. Во настанот нема повредени, пишуваат француските медиуми.
Притоа, откршен е и дел од натписот, поточно буквите „MOU“ (од „Moulin Rouge"). Засега не е позната причината за откршувањето и нема опасност од нова несреќа, соопштија надлежните служби.
Според известувањето на „Мулен руж“, првпат се случува вакво нешто откако познатиот клуб е отворен од 6 октомври 1889 година. Единствената посериозна несреќа во можеби најпознатиот кабаре-клуб во Франција, е пожар при работа што се случил во 1915., по што „Мулен руж“ подолго време бил затворен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нов претседател на ЛКМ кон крајот на октомври
-

Берлин и Москва во нов судир
-

Пратениците се вратија од одмор
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче на иста линија со Кина
-

СДСМ: Мицкоски ја задолжува државата
-

Насилството зема замав – неопходно е работа со младите
-

Лозарите во неизвесност, вранецот без сигурен пласман
-

Привршува проценката на штети во Струмица
