Пад на интересот за студирање во Србија, најавено и зголемена школарина од идната студентска година

Интересот на студенти за запишување на универзитетите во Србија во изминатите години бележи пад, па поради тоа Универзитетот во Белград планира да запише 595 бруцоши помалку од лани во следната студенстка година, додека некои други универзитети исто така бележат пад на интересот за студирање.
За следната учебна година од седум факултети на Белградскиот универзитет најавија зголемена сума за школарина – од вкупно 31 факултет, Факултетот за организациски науки, Машинскиот факултет, Економскиот, Правниот, Филолошкиот факултет, Технолошкиот факултет во Бор и Факултетот за спорт и физичко образование одлучија да ги зголемат школарините, што е потврдено од годинашните конкурси за запишување студенти објавени на веб-страницата на Универзитетот.
Највисоката школарина, како и лани е на Архитектонскиот факултет и изнесува 300.000 динари. Школарината на Филолошкиот факултет се зголеми за 1.000 динари – од 119.000 на 120.000 за 60 ESPB поени. Економскиот факултет ја корегираше и цената за студирање која од овогодинешниот ранг од 112.479 до 147.999 динари е зголемена на 115.853 на 152.400, во зависност од бројот на постигнати бодови.
Слично зголемување на цената се забележува и на Правниот факултет, каде што сегашните студенти и бруцошите кои ќе се самофинансираат за годината ќе платат 117.000 динари наместо 114.000 динари. Машинскиот факултет ја зголеми школарината за програмата Машинско инженерство од 108.000 на 111.000 динари. На Факултетот за спорт и физичко образование, академиците ќе плаќаат 156.000 наместо 150.000 следната година. На листата на зголемување на цените е и Факултетот за организациски науки од 171.000 на 180.000 динари.
Школарината за следната година најмногу скокна на Техничкиот факултет во Бор, каде што студентите со самофинансирање од октомври ќе плаќаат 70.000 динари наместо 60.000, односно 10.000 динари повеќе.
Со измените на Законот за високо образование од март лани државата им враќа половина од школарината на студентите кои првпат запишуваат година студии. Повратот на средства се врши двапати годишно, а правото на поврат важи за една студиска програма по степен.
Падот на интересот на студентите за факултетите станува сè позабележителен – алтернативните начини за стекнување знаење и кариера, превирањата на факултетите, но и зголемувањето на школарините и трошоците за живот, ги одвраќаат матуранти од студирање.
Цените за изнајмување стан во Белград исто така се зголемени за една година.
Дел од деканите на Универзитетот во Белград во изјава за српски медиуми велат дека причините за помалиот број студенти се повеќегодишниот демографски пад, промените на пазарот на трудот, но и последиците од турбулентните настани на универзитетите во текот на претходната година и дека високото образование во Србија ќе мора да помине низ реорганизација.
Деканот на Шумарскиот факултет на Универзитетот во Белград, Бранко Стајиќ, во изјава Јуроњуз Србија вели дека една од клучните причини е и демографскиот пад и намалениот број деца, што е јасно видливо при споредбата на податоците – додека во 1985 година имало околу 245.000 деца во основните училишта, во 2025 година тој број се намалил на околу 65.000, односно речиси четирипати помалку.
Ново на Сител
-

Осум лица тешко повредени во пожар на товарен брод во Хамбург
-

Голем пожар избувна вчера во Радовиш - гореле погони и машини во поранешен „Декортекс“
-

Рубио: САД ќе постигнат договор со Иран или ќе дејствуваат „на друг начин“
-

Денеска времето сончево и топло
-

Обрадовиќ повеќе не е тренер на КК Црвена Звезда
-

Трамп го уверил Нетанјаху дека секој конечен договор со Иран ќе го вклучи и иранското нуклеарно досие
-

Уапсен тетовец кај Фонтана во Градски парк, физички нападнал полицаец
-

Мицкоски: Народ кој не ја познава својата писменост лесно станува туѓ во сопствената историја
