Отворени 25. Зимски олимписки игри во Милано Кортина

На специфичен начин со дефиле на спортистите на четири локации во Милано, Кортина, Предацо и Ливињо вечерва беа свечено отворени 25. Зимски олимписки игри. На Игрите ќе настапат околу 2.900 спортисти од 92 држави.
Македонскиот олимписки тим го сочинуваат: Ана Цветановска и Ставре Јада во нордиски дисциплини, а Јана Атанасовска и Виктор Петков во алпски дисциплини. Ова е најбројна македонска делегација на спортисти на нашето осмо учество на Зимски олимписки игри. Првиот настап македонските спортисти на ЗОИ го имаа во Нагано 1998 година.
Македонската делегација на отворањето беше на две локации, Јана Атанасовска беше знаменосец во Кортина, а Ставре Јада за кого ова се трети Игри го носеше македонското знаме во Предацо.
Натпреварите во некои спортови веќе се почнати, а во дел се одржуваат и официјалните тренинзи. Според програмата има 16 спортови и 116 дисциплини, а ќе има натпревари во 12 екипни натпреварувања. Бенин, Гвинеја – Биасу и Обединетите Арапски Емирати се држави кои го имаат првото учество на Зимски олимписки игри.
Главната церемонија на отворањето се одржа на стадионот „Сан Сиро“ во Милано, а беше насловена како „Хармонија“. Како специјални гости настапија музичките ѕвезди: Мараја Кери, Лаура Паузини и Андреа Бочели.
На отворањето се обрати и Кирсти Ковентри, претседателката на Интернационалниот олимписки комитет, како и претседателот на Италија Серџо Матарела.
Олимпискиот оган беше запален во Милано и во Кортина. Во Милано таа чест ја имаа легендарните италијански скијачи Дебора Компањони и Алберто Томба, а во Кортина тоа го стори Софија Гоџа.
МИА
Ново на Сител
-

Април или мај е најраниот термин доколку има предвремени избори
-

Тема на денот со Владимир Божиновски, универзитетски професор
-

Трамп најави крај на војната со Иран, берзите растат, цената на нафтата паѓа
-

Детонации и пожар од кабли предизвикаа паника во Кисела Вода
-

Уставните измени и изборите отворија нов фронт меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
-

„Градски воз“ во Скопје од 1 септември
-

Повторно протест на 50-тина лица со договор на дело на Клиника за детски болести
-

Потпишан меморандум за соработка меѓу француската амбасада и министерството за култура
