Отворен 75. Филмски фестивал во Кан

Престижниот Филмски фестивал во Кан денеска беше отворен по 75-ти пат, а на црвениот теших се појавија многу ѕвезди и гости кои ги вратија возбудата и гламурот во модниот град, што овој пат е придружен и со контроверзиите околу одбивањето на акредитацијата на руските филмаџии и новинари.
„Кан 2020“ не се одржа поради пандемијата на коронавирусот, а минатата година се одржа во посебни услови.
-Едноставно кажано, пресреќен сум, изјави претседателот на жирито Винсент Линдон на прес-конференција.
Во жирито се вклучени повеќе актери и режисери, меѓу кои Ребека Хол, Номи Рапејс, Дипика Падукон, Џеф Николс и Асгар Фархади.
Најголемиот филмски фестивал во светот се одржува од 17 до 28 мај, а враќањето кон свеченостите, забавите, гламурот и парите дава надеж дека гледачите во голем број ќе се вратат во кината.
Фестивалот беше отворен со проекција на филмот за зомби „Final Cut“ во режија на Мишел Хазанавичиус, а гледачите ќе можат да го погледнат и филмот на Том Круз „Топ Ган: Маверик“.
Том Круз со ова се врати во Кан прв пат по 30 години.
Почесната златна палма за животно дело ќе ја прими Форест Витакер. Неговата продуцентска куќа ќе го прикаже „За доброто на мирот“, документарен филм за војната во Јужен Судан.
Во контекст на војната во Украина, организаторите на фестивалот решија да им ги ускратат акредитациите на сите руски филмаџии, но и на новинарите кои на кој било начин се поврзани со руската влада. Но, подоцна некои новинари добија акредитации, не наведувајќи кои.
Ново на Сител
-

Студентите бараат од МОН зголемување на субвенционираниот студентски оброк
-

Ќе продолжи ли повластеното ДДВ кај дизелот од понеделник?
-

Еврокодови за посигурни градби: Ќе поскапи ли квадратот?
-

Седум дена нема хоспитализиран пациент со западно-нилска треска
-

Конференција „Безбедност 2030: Ера на паметни технологии, отпорни општества, ризици и предизвици“
-

Тема на денот со Зоран Јолевски, поранешен амбасадор во САД
-

Заседава раководството на СДСМ
-

Царина разоткри шверц на 70 милиони парчиња цигари, оштетен државниот буџет за над шест милиони евра
