Македонија
9. March 2023 - 12:20
Отпад од стар рудник во Албанија го загадува Охридско Езеро
Охридското езеро се соочува со сериозни закани кои го загрозуваат статусот на Унеско.Отпад од стар рудник од албанска страна кој е насобран на брегот и расфрлан на околните ридови и натаму го загрозува екосистемот но и рибниот фонд на најстарото езеро на Балканот како светско природно наследство.
Активистите сметаат дека состојбата и на двете страни од езерото е хаотична и потребни се итни мерки и активности за да се зачува вредното богатсво.
Системот за управување со отпад сè уште е заглавен во преговори меѓу надлежните ,проблем е и колекторот за отпадните води но и бесправното градење кое во заштитената зона на големо се игнорира.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
