Откријте се што Google знае за вас

Google неодмна објави голем број на подобрувања во областа на приватноста и сигурноста, официјално најавувајчи го MyAccount - на кој можете да видите застрашувачка количина на информации за вас со кои располага Google.
Сега можете да проверите податоци за вашата приватност, ќе добиете убид во она што на крајот ќе излезе во светот.
За да дознааете што точно знае Google за вас, отидете на MyAccount, кликнете на "your personal info". Тука можете да го погледнете својот телефонски број, меил, и да ја исклучите опцијата на Google за следење на историја на пребарување - доколку сакате.
Во прилагодувањата можете да одбележите Google да престане да ја следи вашата локација (да престане да ја следи каде се наоѓате додека во себе имате уред од кој сте најавени на Google), како и да престане да престане да ги снима вашите гласовни пребарувања и информации од Андроид, доколку го имате.
Можете да ја исклучите архивата на Google на своите Youtube пребарувања и видеа кои сте ги гледале, како и да ја превземете копија од сите податоци кои Google ги има за вас.
Корисниците можат да изберад да не им се прикажуваат реклами, иако Google напоменува дека во тој случај корисникот ќе биде помалку релевантен.
Google претстави страница на приватност на која ветува дека ќе ги чува вашите пдоатоци на сигурно. "Знајте дека ние не ги продаваме вашите лични податоци. Вие ги контролирате сите видови на информации кои ин ги имаме за вас. Не заборавајте дека никој не се труди повеќе од нас да ги чува вашите податоци сигурни".
Ако се прашувате зошто толку голема бука околу транспарентноста, сетете се дека извршниот директор на Apple, Тим Кук, неодамна ја нападна сигурносната политика на Google, а ова се чини како совршен одговор, пишува Independent.
Ново на Сител
-

Петгодишно дете паднало од балкон во Гостивар
-

Митревски пред дуелот со Словачка: Нè очекува тежок натпревар против незгоден противник
-

Девет сомнителни случаи на каридиохирушки интервенции, наодите ќе се испратат до Владата и до ЈО
-

Осомничениот од Старо Нагоричане, прв сериски убиец на жени, поврзан со уште две убиства и два обиди
-

Најдобро место за преселба: Просечната месечна плата во Лихтенштајн е 8.249 евра
-

Убиство во Битола: Маж си ја уби 31-годишната сопруга
-

Македонскиот извоз на фудбалери меѓу Топ 50 во светски рамки
-

Во израелски напади врз Либан загинаа 22 лица, од кои осум деца
