Откриено зошто здивот има непријатна миризба наутро, но и како да се решиме од тоа засекогаш!

Во реалниот живот не сакате да зборувате со некој се додека не измиета заби наутро.
Непријатната миризба е причина зошто се трудиме наутро да не дишеме близу до некој кој може да го осети тој мирис. Сигурно поминале 8 часа а не сте ги измиле забите, ништо не сте јаделе, а сепак имате здив со непријатна миризба кога ќе станете.
Една од причините е тоа што плунката која ја испира устата и го отстранува непријатниот мирис не се произведува. Што повеќе устата ви е сува тоа поголеми шансите се да се развијат бактерии и да се создаде непријатен мирис.
Дишењето на уста, 'рчењето како и одредени лекови можат да доведат до сува уста која само ја влошува состојбата.
Во поголем број на случаи, ова не треба да ве загрижува, но во некои случаи може да биде и симптом за некои болести. Воглавно е прв симптом на болести кои се поврзани со срцето. Некогаш може да биде поврзано со инфекции на органи за варење и во тие случаи морате да отидете на лекар за помош.
Доколку сакате вашиот здив да нема непријатна миризба наутро, погрижете се да ги измиете забите и да користите конец за заби непосредно пред да си легнете, бидејќи остатоците од храна на забите со кои ќе си легнете претставуваат храна за бактериите кои ги имате во устата.
Се препорачува миење на забите две до три минути, како и испирање на устата без алкохол.
Ново на Сител
-

Кривични за родители од Желино за запуштање на нивното дете
-

18-годишна девојка лажно пријавила дека со нож повредила непознато лице
-

37-годишен скопјанец приведен за измама од над 7.000 евра
-

Водата во Гостивар е безбедна за пиење, соопшти Ангелов
-

УХМР со предупредување за можно невреме во голем дел од земјата
-

СЗО: Повеќе од четири напади дневно врз здравствени установи во конфликтни зони во 2026 година
-

Следува период потопло време, со максимални 39 степени
-

Годишните приходи на ОпенАИ би можеле да надминат 40 милијарди долари
