Откриени можни рани знаци на Паркинсоновата болест

Истражување објавен во медицинско-невролошкото списание „JAMA“, открива симптоми на Паркинсонова болест кои може да се забележат кај пациенти години пред дијагнозата, како што се губење на слухот и епилепсија.
Првата студија од ваков вид во Обединетото Кралство го анализираше невродегенеративното нарушување кај прилично разновидна популација, во обид да се погледне одблизу како болеста влијае на сите типови на луѓе. Истражувачите притоа откриле дека ниту расната припадност ниту социоекономскиот статус не се поврзани со зголемена или намалена опасност од развој на Паркинсоновата болест. Испитувањата спроведен од тим на Универзитетот „Квин Мери“ во Лондон, се сосредоточија на факторите на ризик и знаците пред дијагнозата.
За да го направат тоа, истражувачите анализираа медицински досиеја на повеќе од милион луѓе кои живееле во источен Лондон меѓу 1990 и 2018 година. Резултатите покажале дека оние кои страдаат од епилепсија имаат поголема можност да развијат Паркинсонова болест во подоцнежниот живот.
И покрај фактот што истражувачите наведуваат дека во овој случај не може да се исклучи Паркинсоновата болест предизвикана од лекови, ова не е првпат епилепсијата да се поврзува со ова заболување.
Стручњаците посочуваат дека губењето на слухот може да биде дел од оштетувањето на сетилната обработка што често доаѓа со развојот на оваа болест. Но, оштетувањето се манифестира на различни начини кај различни пациенти – преку видот, слухот, или дури и сетилото за мирис.
Покрај тоа, трудот укажа и на нови трендови во рамките на веќе познатите симптоми… Имено, откриено е дека треморот (тресењето) се појавува и 10 години пред дијагнозата, а проблемите со помнењето – до пет години пред официјалната дијагноза.
Ново на Сител
-

Цените на нафтата остануваат високи и покрај продолжувањето на примирјето од страна на Трамп
-

Трамп најави продолжување на примирјето со Иран, продолжуваат блокадите на иранските пристаништа
-

Собранието ќе расправа за законските измани за укинување на техничката влада
-

Со искази на сведоци продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

Променливо облачно со дожд и ветер од северен правец
-

Маж од скопско три дена ја киднапирал, тепал и силувал својата поранешна партнерка
-

Зеленски: Ситуацијата во Иран не ѝ дозволи на Русија да има корист од конфликтот
-

Поради зафати, делови од општина Центар утре без струја и вода
