Откажани двете денешни трки во Светскиот куп во алпско скијање

Машкиот слалом во Светскиот куп во алпско скијање во Вал д’Изер и супервелеслаломот во женска конкуренција во Сент Мориц, кои беа денеска на распоредот, се откажани поради обилните врнежи од дожд и снег кои беа регистрирани изминатата ноќ, соопшти Меѓународната скијачка федерација (ФИС).
„Поради актуелните услови на патеката по дождот и снегот изминатата ноќ, а со цел да се обезбеди сигурност и еднакви услови за сите скијачи, жирито одлучи да го откаже слаломот“, објави портпаролот на ФИС на социјалната мрежа Телеграм.
Ова е седма трка од воведните девет која е откажана во машка конкуренција, додека во женскиот куп е откажана третата трка во новата сезона.
Светскиот куп во алпско скијање треба да продолжи в четврток во италијанскиот зимски центар Вал Гардена.
Ново на Сител
-

Македонските дипломати во Скопје ги прецизираат идните задачи на дипломатската мрежа
-

Брисел: Украина сама треба да одлучи кога ќе одржи избори, ЕУ е подготвена да помогне
-

Трамп потпиша меморандум за зголемување на комерцијални вселенски лансирања
-

Хрватската Влада забранува исклучување на електричната енергија за ранливите потрошувачи
-

Сончево и многу топло до 40 степени
-

Двајца мажи од струшко нелегално копале минерални суровини и ја загадиле водата во Струга
-

Вучиќ: Парламентарни избори на 18 или 25 октомври
-

Водата во Скопје е безбедна и со добар квалитет
