Осуммина уапсени поради обложување, суспендирани над 1.000 турски фудбалери

Осум лица, вклучувајќи го и претседателот на прволигашот Ејупспор, Мурат Озкај, официјално се уапсени денеска во Турција под сомнение за обложување на резултати на фудбалски натпревари, додека Турската фудбалска федерација (ТФФ) суспендираше 1.024 играчи и почна дисциплински истраги против нив.
Овие апсења и суспензии уследија откако минатата недела беа суспендирани 149 турски фудбалски судии кои активно се обложувале.
Од вкупно суспендираните 1.024 фудбалери, 27 се од клубови од Првата турска лига, меѓу кои и од актуелниот шампион Галатасарај и градскиот истанбулски ривал Бешикташ.
Поради големиот број суспендирани играчи, ТФФ побара од ФИФА посебен 15-дневен период за трансфери на нациоално ниво за да можат клубовите да ги пополнат празнините во своите состави.
Паралелно со ова, ТФФ соопшти вечерва дека натпреварувањата во Втората и Третата лига се суспендирани за период од две недели.
МИА
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Парична помош за 456 онколошки пациенти во наредните два дена
-

МЗ: Состојбата во Гостивар континуирано се следи, намален вкупниот број прегледи
-

Водата во Скопје квалитетна и безбедна за пиење
-

Кривична за сопственик и фирма поради сомнение за даночно затајување над 7,2 милиони денари
-

Групна тепачка помеѓу шест лица во Шуто Оризари
-

24-годишен тетовец со тврд предмет ја нападнал својата мајка
-

Ангелов и Јанчев: Пожарот во Кавадаречко се очекува до крајот на денот да биде изгаснат во целост
-

Македонија прва во Европа по растот на минималната плата
