Осуммина уапсени поради обложување, суспендирани над 1.000 турски фудбалери

Осум лица, вклучувајќи го и претседателот на прволигашот Ејупспор, Мурат Озкај, официјално се уапсени денеска во Турција под сомнение за обложување на резултати на фудбалски натпревари, додека Турската фудбалска федерација (ТФФ) суспендираше 1.024 играчи и почна дисциплински истраги против нив.
Овие апсења и суспензии уследија откако минатата недела беа суспендирани 149 турски фудбалски судии кои активно се обложувале.
Од вкупно суспендираните 1.024 фудбалери, 27 се од клубови од Првата турска лига, меѓу кои и од актуелниот шампион Галатасарај и градскиот истанбулски ривал Бешикташ.
Поради големиот број суспендирани играчи, ТФФ побара од ФИФА посебен 15-дневен период за трансфери на нациоално ниво за да можат клубовите да ги пополнат празнините во своите состави.
Паралелно со ова, ТФФ соопшти вечерва дека натпреварувањата во Втората и Третата лига се суспендирани за период од две недели.
МИА
Ново на Сител
-

Бројот загинати во земјотресите во Венецуела надмина шест илјади
-

Пожарите во Вашингтон уништија најмалку 700 објекти, евакуирани се 64.000 луѓе
-

Коалиција на 25 американски сојузни држави со тужба против новите царини на Трамп
-

Продолжува топлотниот бран: Температурите ќе достигнат 40 степени
-

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта
-

Трамп: Иранското раководство е неверојатно лицемерно
-

Зголемена фреквенција на патиштата, најдолго чекање на Табановце и Богородица
-

ЦУК: Активни пет пожари низ државата, десет се изгаснати
