Осум лица тешко повредени во пожар на товарен брод во Хамбург

Осум лица се тешко повредени во пожар што избувна на товарен брод закотвен во пристаништето во Хамбург, соопшти денеска противпожарната служба на овој северногермански град, пренесува агенцијата ДПА.
Седуммина од повредените, меѓу кои и еден пожарникар, се хоспитализирани во болница, додека на осмото лице со повреди помош му била укажана од страна на болничарите на самото место на настанот.
Пожарот избувнал во товарниот дел на бродот, кој е со должина од приближно 90 метри, на докот „Гревенхофкаи“.
Кога пристигнале првите интервентни екипи, од палубата на бродот се издигал чад. Според информациите од противпожарната служба во Хамбург, екипажот уште пред нивното пристигнување веќе започнал сам да се бори со пламените јазици.
По завршувањето на противпожарната операција, пожарникарите го предале местото на инцидентот на полицијата, која веќе води истрага за откривање на причините за пожарот.
Ново на Сител
-

СВР Скопје поднесе кривична пријава за случена сообраќајна несреќа во населба Илинден во која загина едно лице
-

Приведен 43-годишник од велешко, затекнат е при обид да изврши кражба во црква
-

Кривична за 30-годишник од Скопје, ја следел неговата поранешна девојка до нејзиниот стан и упатувал закани кон неа
-

Муцунски: Заложник сме на една некоректна и непринципиелна блокада на нашиот европски пат, тоа е она што сакаме да им го објасниме на нашите колеги во Бугарија
-

Воздухопловниот ВИНГ го одбележа Денот на единицата со прелети на армиски и сојузнички воздухоплови | ФОТО
-

Ангелов: На ДЗС и се потребни поранешни припадници на полицијата, армијата и противпожарните единици
-

СП 2026: Норвежаните носат 300 килограми риба и познати готвачи
-

33-годишник со месеци силувал малолетничка додека престојувал во нивниот дом во светиниколско
