Опозицијата ја напушти седницата на Советот на Струга откако не беше прифатена декларација против злоупотребите на Мерко
Опозицијата во струшкиот Совет Алијанса на Албанците, Беса и ВМРО ДПМНЕ ја напуштија седницата откако мнозинството не ја поддржа предложената декларација .Со неа како што велат советниците од редовите на ВМРО ДПМНЕ се дистанцираат од одговорност за незаконските дејствија на градоначалникот Мерко и локалната и се оградуваат дека на ниеден начин и услов не се инволвирани во значителна корупција ,злоупотреба на јавни фондови и мешање во судски и други јавни постапки за што е обвинет градоначалникот од Стејт Департментот на САД.
Тие го повикаа градоначалникот веднаш да поднесе оставка од функцијата со единствена цел надлежните институции самостојно и без пристисок да ја вршат својата истражна дејност. Одговорност бараат и од совентиците кои го поддржуваат градоначалникот во како што велат незаконското работење..
Оваа декларација ќе биде проследена до сите релевантни институции за спроведување на законот како и до амбасадата на САД,Обединетото Кралство и до дипломатските претставништва во земјава.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
