ОЈО бара притвор за осомничениот за убиството на 18-годишното момче од Бојане

Основното јавно обвинителство - Скопје нареди обдукција на телото на починатото 18 годишно момче од Бојане и побара мерка краткотраен притвор за 19-годишникот, осомничен за убиството.
Во однос на убиството на 18-годишно момче од скопско Бојане во околината на Сарај, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје издал Наредба за обдукција на телото на починатиот, како и наредби за вештачење на траги и за вештачења и споредбени анализи на оружјето со кое се смета дека е сторено делото.
-Постои основано сомнение дека кривичното дело - Убиство според член 123 став 1 од Кривичниот законик го извршил 19-годишник од истото село, кој е лишен од слобода - соопшти ОЈО.
Оттаму нагласуваат дека имајќи предвид дека прибирањето на доказите е во тек, а постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност за влијание на сведоци и прикривање на трагите, како и ризик осомничениот да изврши друго кривично дело, јавниот обвинител од судијата на претходна постапка побарал да определи мерка краткотраен притвор од 48 часа до обезбедување на сите докази и формално отворање на истрагата.
МВР претходно соопшти дека синоќа во 00:50 часот во с.Бојане, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.Б. (19) од истото дело поради основано сомнение за сторено кривични дело „убиство“ по член 123 од КЗ
Претходно, на телефонската линија за итни повици 192 се јавил неговиот татко И.Б. и пријавил дека М.Б. му признал дека на 15.05.2026 во шума во околината на с.Сарај со пиштол го усмртил Б.Д. (18) од Бојане.
Од страна на полициските службеници, М.Б. е приведен во полициски службеници, а пронајдени се и телото на Б.Д. и пиштолот со кој е извршено убиството. По документирање на случајот, додаваат од МВР, против М.Б. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
МИА
Ново на Сител
-

Втор ден од Самитот „Македонија 2025“
-

Француска пациентка со хантавирус e во критична состојба и на апарати за одржување во живот
-

Соопштение до јавноста од Рамстор Македонија
-

Трамп објави мапа која ја прикажува Венецуела како дел од САД
-

Променливо и посвежо време со дожд и можни грмежи, утрово најстудено на Попова Шапка
-

Трамп ги најави темите за разговорите со Шји: Во Иран ќе победиме мирно или на друг начин
-

Американски медиуми пишуваат дека Иран се уште располага со голем дел од ракетниот арсенал
-

Заловен волк во населбата Козле, бил чуван како домашен миленик
