Охриѓани прогласија успешна сезона
Туристичката сезона во Охрид и покрај ковид пандемијата успешна. Најбројни на ривиерата беа гостите од Полска и Украина и Холандија и оние од околните држави од Србија, Косово, Црна Гора и Албанија, но не изостанаа ни домашните. Туристичките работници велат дека за разлика од минатата година оваа е далеку поуспешна иако беше кратка и траеше се до август сепак градот наликуваше на атрактивна дестинација.
Туристичките работници велат дека ги очекува тешка зима и повторно се надеваат на финансиска помош од државата.
Туризмот годинава испорачал позитивни резултати. За 50 отсто во однос на лани се зголемил бројот на туристи но сепак добрите познавачи велат дека не може да се спореди со предкризната 2019 година која се смета за најуспешна со рекорден број на ноќевања и посетители.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
