Охриѓани бараат за нив да се одложи почетокот на учебната година
Охрид како и останатите туристички центри да бидат изземени од одлуката стартот на школската година наместо на 1 септември да започне околу 15 септември, бараат дел од професорите и туристичките работници од градот.
Тие велат дека моментално има бројни настани и туристи кои ја продолжуваат сезоната, а и временските прилики вообичаено во овој месец се поволни.
Наместо пролетен распуст кога во тој период секако има слободни денови и празници, пологично би било покасно да започне школската година, сметаат просветните работници.
Туристичките работници велат дека иако се обидуваат да ја продолжат сезоната со стартот на учебната година се намалува бројот на туристи.
Tуристичко-угостителскиот сектор години наназад бара поместување на стартот на учебната година, но ваквиот предлог никако да се прифати од страна на Министерството за образование.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
