Македонија
16. March 2023 - 12:31

Охридските музеи се попривлечни за странските туристи

Домашните туристи во главниот туристички центар слабо ги посетуваат музеите кои го чуваат вредното културно наследство.Според податоците од Завод и музеј 80 проценти се странци а само 20 проценти домашни посетители. Водичите сметаат дека економската состојба си го направи своето.

Куќата на Робевци има многу што да понуди но најголема атракција е златната соба каде покрај многубројните предмети се сместени златната маска и златната рака.

По Заливот на коските и Самоиловата тврдина ,Куќата на Робевци која е чувар на охридската историја и строградската архитектура го зазема третото место по привлечност ,добрите познавачи се надеваат дека оваа сезона кога градот очекува поголем број на туристи да се  зголеми и посетеноста.