Македонија
9. November 2021 - 12:33

Охрид: Зачестија кражбите на велосипеди

Крадците на велосипеди пустошат низ Охрид.На јавни површини  , од влезови на станбени згради, куќни дворови ,подрумски простории, дење или ноќе, се крадат велосипеди.Тие најчесто не се пребирливи за марката на точакот, односно дали тој вреди илјадници евра или пак многу помалку ниту синџирите не ги спасуваат велосипедите од кражба. Во полиција се пријавени 19 кражби на велосипеди во првите девет месеци од оваа година од кои половината биле откриени но бројот е далеку поголем.

Кражбите на велосипедите се инцидентни и тоа најчесто од страна на малолетници. Нема организирана група во извршување на вакви казнени тие најчесто се пронаоѓаат во дел од градот или се оставаат по нивната уптреба.

Оваа година споредбено со лани бројот на украдени велосипеди е поголем.

Од СВР Охрид апелираат сопствениците подобро да ги обезбедуваат своите велосипеди