Македонија
26. December 2021 - 16:46
Охрид подготвен за дочекот на Новата Година
Охрид подготвен за дочекот на Новата Година. Во градот се нуди добра забава до раните утрински часови, но како што велат туристичките работници со следење на пропишаните протоколи за заштита од Ковид-19. На градскиот плоштад кој е украсен во празнично руво со илјадници светилки ќе има богата музичка програма на која ќе настапат бројни домашни естрадни уметници.
Хотелиерите и приватните станоиздавачи но и угостителските објекти долж ривиерата ги прават последните резервации за празниците.
Инаку за новогодшините и божиќните празници во главниот туристички центар се очекува најбројни да бидат домашните но и гостите од нашето опкружување од Србија, Црна Гора, Албанија и Косово.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
