Охрид нема педијатри, болните деца одат во Струга
Охриѓани болните деца ги носат на лекување во струшката општа болница. Откако се затвори одделот за детски болести во Охрид бидејќи нема специјалисти родителите се принудени секој ден да патуваат до Струга. Потребата за прегледи кај децата е голема особено во летниот период кога имало и по 70 прегледи на ден. Oд струшката болница велат дека не се во можност да им дадат помош во педијатри но дека имаат капацитет и можност да ги згрижат сите пациенти.
Проблемот со дефицитот на педијатри е на ниво на држава според доктор Колоска, тоа е поради слабиот интерес кај младите лекари за специјализација во оваа област.
Од општата болница најавија дека проблем првично ќе го решаваат со ротации, после 20 часот навечер, младите пациенти кои ќе побараат преглед, ќе бидат препраќани во Струга додека пак пациентите на кои им е потребно нервно одделение ќе доаѓаат од Струга во Охрид, зашто во Струга нема нервно одделение.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
