Македонија
18. November 2021 - 12:34

Охрид нема центар за деца со посебни потреби

Невладините од Охрид бараат отвoрање на Дневен центар за деца со посебни потреби. Тие велат дека голем дел од  нив а особено оние со церебрална парализа кои неможат да се движат живеат во изолација.Дневниот центар Зраци кој функционира во градот е за лица над 18 годишна возраст така што родителите се оставени сами на себе и своите материјални можности да  се снаоѓаат како умеат и знаат. Во овие семејства вообичаено еден од родителите не работи.

Од локалната ветија дека ќе го подржат ваквиот проект. Првично е предложен просторот кај Касарната за можна локација во иднина тука да биде сместен Дневнот центар за деца со посебни потреби.

За  децата со интелектуална попреченост потребно е да се обезбеди дневна грижа, бесплатна социјална услуга и професионална нега.

Се со цел подобрување на детската здравствена и социјална заштита од општина Охрид ветија и изградба на пристапни рампи за лицата со инвалидитети насекаде низ градот.