Одложено судското рочиште за дивата депонија која ги труе жителите на Струга
Основниот суд во Струга ја одложи главната расправа за судскиот процес за дивата депонија. Ова следи по приговорите од страна на министерството за животна средина,јавното комунално претпријатие и локалната кои спорат дека судот нема надлежност да одлучува по граѓанската тужба. Од здружението на млади правници велат дека согласно законските прописи и уставот државата има обврска да обезбеди право зa здрава животна средина.
Стружани долго време се жалеа поради загадувањето од струшката дива депонија, која се наоѓа на стотина метри од влезот на градот. Отапдот во депонијата често пати беше запален, дури и за време на туристичките сезони, а поради чадот и непријатната миризба граѓаните излегуваа на протести и бараа итно затворање и дислокација на отапдот од депонијата.
Судскиот процес за дивата депонија во Струга засега е одложен на неодредено време се додека судот не се произнесе во однос на приговорите дали судот има стварна надлежност.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
