Loading Video...
Ракомет
9. February 2021 - 16:30
Одложено гостувањето на Вардар кај Фленсбург
Рестриктивните мерки што владеат во поголемиот дел од европските земји се причината за ново одложување на натпревар на ракометарите на Вардар во елитната Лига на шампиони.
Гостувањето во Португалија на дуелот против Порто, покрај поразот им донесе дополнителни главоболки на ракометарите на Вардар.
Откако германските власти не им дозволија на црвено-црните ниту транзит да се вратат од Порто, следуваше одложувањето на мечот против францускиот првак ПСЖ.
Германските власти не отстапуваа, па по нивното барање вардарци задолжително да минат период во карантин, а потоа да им биде дозволено да го играат мечот со Фленсбург закажан за во четврток 11 февруари, Европската ракометна федерација (ЕХФ) едноставно немаше друг избор освен да го одложи и овој натпревар.
Ваквите одложувања дополнително ќе направат хаос во и онака згуснатиот распоред на Вардарци кои покрај настапите во Лигата на шампионите ги започнат и натпреварите во СЕХА конкуренцијата, а наскоро ќе треба да играат и во домашниот ракометен шампионат односно Супер лигата.
-

Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
