Одбраната на Мерко - застареност на кривичното гонење
Во Основниот суд во Струга денеска продолжи судскиот процес против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко за набавката на луксузниот автомобил марка ауди А6, вреден 67 илјади евра.Обвинителот во однос на предложените докази од одбраната рече дека судот треба да ги одбие бидејќи се нејасни и нецелосни, одбраната пак предложи посебно решение со кое ќе се одбие обвинителниот предлог поради тоа што го исклучуваат гонењето на обвинетиот.
Адвокатот на Мерко вели дека поради застареност од 5 години ова обвинение не требало да доживее судење а не па да се води активна постапка во која ќе се преземаат било какви дејствија.
- Обвинителниот предлог од страна на Јавното обвинителство е поднесен на ден 28.02,2024 година до Основниот суд во Скопје со кој обвинетиот се товари за дејствија од 2018 година што значи изминале повеќе од 5 години и судот требало согласно кривичниот законик да донесе решение со кое ќе го одбие обвинителсниот предлог, подвлекува адвокатот на Мерко.
Рочиштето е одложено бидејќи судот ќе треба да ги провери предлозите на одбраната и јавното обвинителство.
Следното рочиште за случајот со аудито е закажано за 2 септември.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
