Од денеска само полнолетни смеат да возат електрични тротинети, забрането превезување и второ лице

Од денеска официјално почнуваат да важат измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, со кои се воведуваат построги правила за користење на електричните тротинети.
Според новите законски решенија, електричен тротинет ќе смее да управува само лице кое има наполнето 18 години, наместо досегашната старосна граница од 14 години. На велосипедските патеки и ленти максималната дозволена брзина е 20 километри на час, додека на тротоари, пешачки и мешани патеки останува ограничувањето од 6 километри на час.
Возачите на електрични тротинети, при преминување преку коловоз или пешачки премин, доколку нема велосипедска патека или лента, ќе мора да се симнат од тротинетот и да го туркаат. Дополнително, со измените се забранува превезување на друго лице, а во случај на прекршување на ова правило ќе бидат казнети и возачот и патникот.
Носењето заштитен шлем отсега е задолжително за сите возачи, а и понатаму останува обврската за користење рефлектирачки елек при ноќно возење или во услови на намалена видливост.
Законот предвидува и построги санкции. Освен парични казни, за одредени прекршоци ќе следува и привремено одземање на електричниот тротинет во период од 30 дена. Доколку прекршок направи дете, одговорноста ќе ја сносат неговите родители или старатели.
Ново на Сител
-

Највисоки казни за инвеститорот по свлечиштето кај Теодосиј Гологанов
-

Високи температури и најава од УХМР за силно невреме во четврток попладне
-

Претседателката ги додели наградите Women in Tech
-

Средба Мицкоски - Пленовиќ во Охрид
-

Заемот од 260 милиони евра на пленарна седница
-

ВМРО-ДПМНЕ: Само Филипче му верува на Радев дека уставните измени се последниот услов
-

Лакавица остана без род од овошките заради една ноќ со минусна температура
-

Нови напади САД-Иран среде преговори
