Loading Video...
Ракомет
19. December 2020 - 13:18
Очекувано, Франција против Норвешка во финалето на ЕП за ракометарки
Очекувано Франција и Норвешка ќе играат во финалето на женското Европско ракометно првенство, чиј домаќин е Данска
Актиелните шампионки Французинките лесно и убедливо во полуфиналето ја победија Хрватска со 30-19.
Во скандинавското полуфинале Норвежанките го скршија отпорот на домаќинот Данска вп второто полувреме, па откако првиот дел го загубија со 10-13, во вториот норвешките ракометарки го демонстрираа својот квалитет и на крајпт славеа со конечни 27-24.
Така утре во финалето, Французинките ја бранат титулата освоена пред две години на шампионатот одржан токму во Франција, додека Норвежаните кои на последноте десет шампионати не играа во финалето само пред две години, ќе атакуваат на осмиот шампионски трофеј.
Финалниот меч меѓу Франција Данска ќе започне од 18 часот, а претходно од 15:30 часот за бронзениот медал ќе се борат Хрватска и Данска.
-

Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
