Обвинителство отвори истрага против три лица за криумчарење штетни средства за лекување, за сопственичка на салон за убавина бара мерки за претпазливост

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против три лица и тоа за две лица за кривични дела „криумчарење“ и „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“, како и за една осомничена за кривични дела „прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“ и „производство и пуштање во промет штетни средства за лекување“.
Со цел обезбедување на осомничената и непречено водење на кривичната постапка, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд доставил предлог да се определат мерки на претпазливост спрема неа, и тоа: обврска осомничената да се јавува кај определено службено лице, привремено одземање на патна исправа и забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти со другите двајца осомничени.
Постапката, како што информираат од Обвинителство, следува откако секторот за контрола и истраги при Царинската управа, претходно денеска лиши од слобода три лица, меѓу кои и сопственичка на салон за убавина, осомничени за шверцување медицински препарати штетни за здравјето на граѓаните.

Криминалната шема била разоткриена на влез во државата на Граничниот премин „Табановце“, каде што била извршена детална контрола на комбе, при што се пронајдени вкупно 535 вијали со средство за слабеење и 7.400 етикети со натпис TIRZ 2,5 мг и TIRZ 5 мг скриени во чаршави за постелнина. Возилото, под постојан надзор на мобилен царински тим, го продолжило патот до местото на кое било договорено преземање на пратката од страна на сопственичката на салонот.
- Во моментот на исплатата инспектори од Одделението за истраги ја лишија од слобода, а по налог на јавен обвинител е извршен претрес на салонот, каде што се пронајдени и други шверцувани медицински препарати - дермални филери, препарати за разградување дермални филери, производи што се користат за редуцирање маснотии, за контурирање лице, за отстранување брчки и производи за подмладување. За пронајдените производи не била обезбедена документација за нивната безбедност, исправност и законит увоз, а според сомненијата, ги рекламирала и ги употребувала кај клиенти, информираат од Управата.
МИА
Ново на Сител
-

Во недела поради улична трка посебен режим на сообраќај во Скопје
-

Сиљановска-Давкова - Берсе: Фрустрациите кај земјите кандидатки поради застојот во процесот на проширување може да создадат негативни политички тенденции
-

79-годишник од Скопје допирал малолетна сосетка во својот дом
-

Заложничка криза во банка во германскиот град Зинциг
-

Мицкоски на отворањето на „Плазма - Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија
-

Во март годинава 245 одобренија за градење, за 26,6 проценти помалку од март лани
-

Сиљановска-Давкова: Патеки кон демографска отпорност во согласност со потребите на луѓето
-

Велешанка била измамена со СМС порака за наводно сторен сообраќаен прекршок
