Објавен списокот на кошаркари за натпреварите со Естонија и Полска

Селекторот на машката сениорска репрезентација, Александар Јончевски, го објави списокот на кошаркари на кои ќе смета во претстојниот трет евроквалификациски прозорец.
Репрезентацијата ќе тренира неколку дена во Скопје, а потоа ќе замине за Талин каде на 21. февруари ќе го одигра претпоследниот натпревар за овој квалификациски циклус. Три дена подоцна, на 24. февруари (понеделник) ќе ја пречекаме соодветната репрезентација на Полска во Скопје. Натпреварот против Полска ќе се одигра во СРЦ Кале, со почеток во 18:30 часот.
Првиот собир на репрезентацијата е закажан за 17. февруари (понеделник) со почеток во 18:00 часот, во СРЦ Кале.
СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРИ:
Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром
Андреј Магдевски - МЗТ Скопје Аеродром
Бојан Крстевски - МЗТ Скопје Аеродром
Андреј Маслинко - МЗТ Скопје Аеродром
Марин Петков - МЗТ Скопје Аеродром
Стојан Ѓуроски - Работнички
Дамјан Робев - Работнички
Виктор Ефремовски - Работнички
Андреј Шошкиќ - Работнички
Теодор Симиќ - Кожув
Страхил Николов – ТФТ Скопје
Ненад Димитријевиќ – Олимпиа Милано
Лејсон Зеќири - Башкими
Андреј Јакимовски – Колорадо
Итан Хап – Валенсија
Ти Џеј Шортс – Парис Баскетбалл.
Ново на Сител
-

Пожарите го кренаа револтот во Штип
-

Велосипедистите бараат поврзување помеѓу Охрид и Струга
-

Преглед на вестите од светот
-

Април или мај е најраниот термин доколку има предвремени избори
-

Тема на денот со Владимир Божиновски, универзитетски професор
-

Трамп најави крај на војната со Иран, берзите растат, цената на нафтата паѓа
-

Детонации и пожар од кабли предизвикаа паника во Кисела Вода
-

Уставните измени и изборите отворија нов фронт меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
