-->
-->
Објавен ценовник на услуги за хакнување на туѓ Фејсбук и меил адреса
-->

Доколку некогаш сте сакале да шпионирате е-маил адреса на вашата девојка или дечко Делл има занимливи вести за вас. Не само што постои цел "подземен" пазар за такви работи, туку овој вид на "трговија" се повеќе се развива.
"Наместо да ги праќате пари на криминалци на кои морате да верувате дека ќе ја завршат работата, сега можете да бидете сигурни дека работата е завршена уште пред да ги платите. Она што е уште позанимливо е дека целиот процес ќе ве чини помалку од што мислите."
Овие информации се само дел од годишниот извештај на Делл за хакерите. Експерти задолжени за сигурност во оваа компанија минуваат многу време на истражување за тоа колку овие и слични услуги чинат.
Нивните податоци велат дека хакирањето е прилично евтино. На пример, хакнување на меил адреса на Yahoo, Gmail или Hotmail можете да нарачате за 129 долари.
Исто така можете да нарачате и хакирање на Фејсбук и профили на сите останати социјални мрежи, но оваа услуга сепак ќе ве чини 500 долари.
Она што е позагрижувачки е фактот дека хакерите овие задачи ги вршат и не ги менуваат лозинките на корисниците, така што жртвата не е свесна дека некој го шпионира.
Некои хакери дури нудат и бесплатен пробен период во кој ќе покажат дека нивните методи навистина работат во пракса, се вели во извештајот на Делл.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: За СДСМ нема црвени линии
-

Македонски државјанин загина во сообраќајка во Хрватска
-

На Ѓурѓовден сакал да ја ограби црквата Свети Геогриј – завршил заглавен на ограда
-

Џон Малкович стана хрватски државјанин
-

Наскоро електронски ќе се издаваат потврдите за извоз на тутун и вино
-

Захарова: Подготвени сме за преговори за Украина, предупреди на провокации во Европа
-

МВР на „SAHA Expo 2026“: Потврдена стратешката соработка со турската полиција
-

„Опен-АИ“ ќе потроши 50 милијарди долари за компјутерска моќ во 2026 година
