Обилни дождови предизвикаа поплави во Црна Гора, најпогодени се Никшиќ и Даниловград

Обилните дождови што ја погодија Црна Гора во последните денови доведоа до ненадејно зголемување на нивото на реките и прелевање на потоците, предизвикувајќи поплави во неколку градови и општини, пренесуваат црногорските медиуми.
На сила е црвен сигнал за опасни временски услови, а спасувачките и општинските служби се во состојба на зголемена готовност. Најпогодени се градовите Никшиќ и Даниловград, пренесуваат медиумите.
Во Никшиќ, поројните дождови поплавија неколку домаќинства во селото Гребице. Многу автомобили се исто така под вода, а напојувањето со електрична енергија е прекинато поради дефект во разводната табла.
Во Даниловград, властите повикуваат на зголемена претпазливост – мостот Фрутку е затворен за сообраќај, а граѓаните треба да користат алтернативни патишта.
Во регионот Бијело Поље, поток се излеа во селото Рогојевиќи, но нема загрозени домови. Проблеми се регистрирани и во селото Блишково – река се излеа поради обилните дождови.
Во Цетиње, Службата за заштита и спасување изврши пет до шест интервенции поради вода што влегува во подруми и гаражи. Командантот Милош Чечановиќ нагласи дека водата брзо се повлекува штом ќе престанат врнежите, но проблемот се влошува за време на продолжени поројни дождови.
Селото Комарница во Шавнишко е делумно отсечено откако беше оштетен мост, а електричната енергија беше прекината поради урнати столбови на далновод. Локалните пожарникари работат на отстранување на последиците.
Метеоролозите предупредуваат дека дождот ќе продолжи и во наредните денови, а надлежните органи апелираат за почитување на официјалните предупредувања и зголемено внимание на патиштата.
МИА
Ново на Сител
-

Се реализираат активности за враќање на редот и достоинството на главниот град - велат од Град Скопје
-

Ризик фактори кои му претходат на речиси секој срцев и мозочен удар
-

17-годишник од Карбинци тешко се повредил при пад од коњ
-

Серена и Венус Вилијамс ќе играат двојки на Вимблдон
-

Трамп: Русија треба да се согласи на договор со Украина
-

Кремљ: Путин не доби официјална покана да присуствува на преговори на Самитот на Г7
-

Бебе оставено на клупа во парк во Шуто Оризари
-

Работник на гостиварски Комуналец починал откако заглавил во канал за вода
