Македонија
3. January 2022 - 16:39

Нуркачите од Акватек во уште една мисија за собирање отпад од дното на Охридското Езеро

Охридските нуркачи и за новогодишните празници во еко акција. Од дното на езерото на потегот од Стариот дел на градот,  и од пристаништето до плажа Канео од клубот Акватек извадиле најразличен отпад пластични чаши ,шишиња,  најлонски кеси, лименки и испратија порака за максимална заштита на езерото, а воопшто и водите во Македонија.

Нуркачите од клубот „Акватек“ алармираат за несовесното однесување на поединци,  кои за жал ги има во голем број и прават ненадоместлива штета на  природниот басен на езерото и живиот ендемичен свет во него.

Нуркачите деновиве извршија четири еко акции кои траат по 70 минути. На секоја подводна акција извадија по четири вреќи цврст отпад и најавија дека ваквите акции ќе продолжат и во иднина каде ќе бидат вклучени повеќе нуркачи.