-->
-->
Новости: Вучиќ понудил Србија да го откупи рускиот дел во НИС, Москва претпочита продажба на трета страна
-->

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и понудил на руската делегација, Белград да го откупи делот што е во руската сопственост во Нафтената индустрија на Србија (НИС), и кога ситуацијата на меѓународно ниво ќе се нормализира, се да им биде вратено, објави Вечерње новости.
Сепак, Москва не е премногу склона кон такво решение, наведува весникот и додава дека, се чини, поприфатливо решение за Русија е да го продаде својот дел на трета страна. Можно е да бид епродадена на Американци.
Весникот пишува дека Вучиќ го дал предлогот на неодамнешната средба со претседателот на Управниот одбор на „Газпромњефт“, Александар Дјуков, и рускиот заменик-министер за енергетика, Павел Сорокин.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Најстудено во Берово и на Попова Шапка, најтопло во Тетово
-

Трамп: Иранците бараат нешта со кои не можам да се согласам – или ќе ги збришеме, или ќе се договориме
-

Пентагон: САД ќе повлечат 5.000 војници од Германија
-

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-

Украинските власти тврдат дека не добиле официјален предлог за примирје за 9 мај
-

Трамп соопшти дека ќе ги зголеми царините за автомобили и камиони од ЕУ на 25 отсто
-

Белата куќа одби да го коментира новиот ирански предлог упатен до САД
-

Дуелот во Кратово меѓу Силекс и Шкендија заврши 1-1
