Новогодишен концерт „Фатил сокол еребица" на КУД ,,Дримкол" од Вевчани

Вечерва во Милтикултурниот центар ,,Коста Србакоски" во Вевчани ќе се одржи премиерата на новогодишниот концерт насловен ,,Фатил Сокол еребица" во организација и реализација на КУД ,,Дримкол" од Вевчани.
Концертот синоќа ја имаше својата предпремиера на која присуствуваше многу бројна публика. Програмата ја сочинуваат роднокрајни народни песни обработени и под диригенство на учителот Аргил Мукоски од Вевчани, а во изведба на членови на првиот фолклорен ансамбал, на младинскиот ансамбал и на оркестарот на КУД ,,Дримкол".
Многу сум среќен што имам прилика да работам со вакви талентирани уметници какви што се членовите на Дримкол. Вечерашнава програма ја сочинуваат традиционални песни кои сум ги собирал за време на мојот работен век како учител по музичко образование. Помеѓу хорските изведби се ставени и три ороводни песни на кои девојките од младинскиот ансамбал играат со оригиналните чекори од терен кои ги поставивме заедно со мојата сопруга Звезда. Вечерашниов концерт го посветувам на 50-годи активна работа на КУД ,,Дримкол" од Вевчани.." истакна синоќа во обраќањето учителот Аргил Мукоски, наставник по музичко во пензија, основач и првиот раководител на КУД ,,Дримкол" од Вевчани.
Обработка и изведба на хорски вокални напеви за прв пат се поставуваат на репертоарот на Дримкол со што ова друштво уште еднаш ја потврдува својата инвентивност, сериозност и професионалност при работењето.
КУД ,,Дримкол"
Ново на Сител
-

Успешна акција за извлекување на тројца планинари од планината Бистрица
-

Деветнаесетти Петровденски планинарски марш
-

Британската полиција приведе маж осомничен за убиството на Видикомб
-

Повторно се разгорува конфликтот на Блиски Исток
-

СП 2026: Норвешка поведе, Белингам донесе победа за Англија
-

Се одржува Галичка свадба - обичаи, традицонални носии, песни и оpа како живо сведоштво за дел од нашето културно наследство
-

Петровден: Cветецот кој трипати се откажа од Исус, кој беше далеку од совршен, но карпа врз која може да се изгради црквата
-

Претпладне променливо облачно со сончеви пеpиоди, попладне услови за пороен дожд и грмежи
