Новиот „Ајфон“ со преклоп би можел да чини 1.800 до 2.000 евра

Американскиот технолошки гигант „Епл“ (Apple) се подготвува да влезе на пазарот на телефони со преклоп, па според последните неофицијални информации, тој потег и нема да биде воопшто евтин.
Имено, според кинеската платформа „Веибо“ (Weibo), првиот „Ајфон“ со преклоп, којшто според достапните податоци би требало да се вика „Ајфон 18 фолд“ (iPhone 18 Fold), би можел да чини меѓу 2.100 и 2.300 долари (1.800 – 2.000 евра). Тоа би го направило за околу 200 долари поскап од директниот конкурент „Самсунг галакси Зет фолд 8“ (Samsung Galaxy Z Fold 8), којшто веројатно ќе чини околу 1.900 долари (1.650 евра).
Станува збор за нов уред којшто ќе претставува комбинација од телефон и „Ајпад“ таблет, што има смисла за корисниците кои сакаат „сè во едно“, но високата цена и ризиците својствени за првата генерација на ваков уред може да претставуваат пречка за пошироко прифаќање, според познавачите.
Од друга страна, ако „Епл“ ја правда цената со квалитетот на изработка, долгорочната употреба и корисничко искуство и ако пазарот ја препознае предноста на еден уред што може да замени два, „18 фолд“ би можел да ја најде својата публика. Но и во сѐ ова, и „Самсунг“ ќе има корист, бидејќи токму оваа јужнокорејска компанија го снабдува „Епл“ со преклопливи ОЛЕД-панели, коишто се клучна компонента во производството на вакви уреди.
Влегувањето на „Епл“ на пазарот на телефони со преклоп може дополнително да го забрза развојот на оваа технологија, но и да ја засили конкуренцијата технолошките гиганти.
Ново на Сител
-

ЦУК: Попладнево зголемен ризик од појава и брзо ширење на пожари на отворен простор и шумски пожари поради многу висок FWI
-

Гори ниска вегетација, дрва и пченка во Горно Лисиче и депонијата на излезот од Крива Паланка
-

Нема подолги задржувања на граничните премини
-

Сончево и многу топло
-

Катерина Ацевска светска вицешампионка во џиу – џицу
-

ЦУК: До 18 часот 11 пожари на отворен простор, од кои три се активни - изгаснат пожарот кај село Чифлик
-

Почина таткото на Меси
-

Товарен и патнички воз се судрија во Хрватска, 19 повредени
