Нови наоди за „Изгубениот град“ на дното на во Атлантскиот Океан

Недалеку од врвот на една подводна планина, западно од Средноатлантскиот Гребен, пронајден е природен рељеф којшто наликува на древен град. Карбонатните ѕидови на „Изгубениот град“, на новите снимки направени со далечински управуван истражувачки авион, се во нијанси на бледо сина боја, па изгледаат како фантомски фигури, пишува „Сајенс алерт“ (Science Alert).
Овој „Изгубен град“ е откриен во 2000 година и се смета за едно од најнеобичните хидротермални полиња во светот. Висинскиот опсег на овие природни возвишенија опфаќа ниски столбови, со големина на печурки, па сѐ до монолити високи и до 60 метри. Специфичноста на овој екосистем е што животот овде се одржува врз основа на хемиски реакции, а не на светлина и јаглерод-диоксид. Ова необично место се наоѓа на повеќе од 700 метри под морското ниво, на дното на океанот коешто сѐ уште е прилично непознато за науката.
Иако има и други хидротермални полиња во океанот, ова е единственото што научниците успеаја да го истражат, благодарение на напредната технологија и далечинско управувано возило (РОВ).
Повеќе од 120.000 години, а можеби и подолго, земјината кора во оваа област постојано реагира со солената вода, испуштајќи водород, метан и други растворени гасови. Ова создава уникатни услови за развој на микробиолошки популации кои живеат без присуство на кислород. Овие бактерии, коишто главно се наоѓаат на калцитните столбови, се хранат главно со јагленоводороди.
Подигнатите подморски вулкани, како „оџаци“ испуштаат гасови со топлина до 40 Целзиусови степени, па тука виреат и разни видови полжави и ракчиња. Поголемите животни како ракови, морски ежови и јагули се многу поретки, но сепак присутни. Иако овој свет е речиси непознат и за многумина незамислив, животот вирее, одржуван од постојаните хемиски реакции.
Закани и страв од експлоатација и повик за заштита
Неодамна, во 2024 година, научниците открија примерок од корен, рекордно долг - 1.268 метри, токму во ова хидротермално поле. Примерокот може да обезбеди сознанија за тоа како животот настанал на Земјата пред милијарди години, под слични услови коишто сè уште се зачувани во овие минерали.
Она што е уште пофасцинантно е што вакви слични екосистеми можеби не се својствени само за Земјата. Поради хемиските реакции што создаваат јаглеводороди, коишто се основни градивни елементи на животот, постои можност слични екосистеми да постојат и на други планети.
Научниците веруваат дека такви услови би можеле да се откријат на месечините на Сатурн и Јупитер, Енцелад и Европа, а можеби и на Марс.
За разлика од црните вулкански отвори, коишто се сметаат за можни први места за живот, екосистемот на „Изгубениот град“ не зависи од магмата и високите температури. Со помош на тоа, овој екосистем произведува до 100 пати повеќе водород и метан, а кратерите на тој начин се активни подолго време.
За жал, „Изгубениот град“ не е безбеден од човековата љубопитност и незаконско дејствување. Во 2018., беше објавено дека Полска добила дозвола за експлоатација на длабоките мориња околу ова место. Самите полиња не содржат вредни минерални ресурси, но секако - можно е негативно влијание врз животната средина и тоа може да има несогледливи лоши последици.
Поради ова, многу научници бараат заштита на оваа област, предлагајќи „Изгубениот град“ да се стави на списокот на светско наследство за да се зачуваат овие чуда на природата пред да биде предоцна. Изгубениот град веќе неколку илјади години е сведок на постојаната животна борба за опстанок во најтешки услови. Би било трагично да се уништи нешто толку уникатно.
Ново на Сител
-

Лесната пешадиска баталјонска група оценета како борбено подготвена за извршување на својата мисија
-

Сиљановска-Давкова: Парламентарниот дијалог има незаменлива улога за мирот
-

Сиљановска - Давкова: Поддржувам укинување на Пржинската влада, двојно државјанство не треба да има и за претседателот и министрите
-

Ученик во основно училиште во Арачиново прободен со нож од соученик
-

Полицајци апселе криминалец па биле опколени од десетмина кои пробале да ги спречат, морале да пукаат во воздух
-

Две лица незаконски превезувале туристи во НП Шар Планина, кога имало обид да се спречат, пробале да ги прегазат вработените во паркот
-

Четворица тетовци дале капар од 45.900 денари за стан под кирија во Скопје, па биле измамени од газдарица
-

Пазарниот инспекторат најави засилени инспекциски контроли на пазарот на ѓубрива
