Loading Video...
Фудбал
8. November 2021 - 11:55
Нови главоболки за Милевски во пресрет на последите дуели од мундијалските квалификации
Нови проблеми за македонската фудбалска репрезентаија во пресрет на последните два меча од квалификациите за СП во Катар.
Откако поодамна беше јасно дека селекторот Благоја Милевски милевски не ќе може да смета на повредените, Аријан Адеми, Бобан Николов и Дени Илиев, дополнителни главоболки за Милевски претставуваат и повредите на Адис Јаховиќ и Ердал Ракип.
Селекторот Милевски веднаш реагираше, па во тимот ги повика Доријан Бабунски и Енур Тотре.
Денеска Милевски ја имаше и првата прозивка, а попладнево и првиот тренинг во пресрет на дуелите со Ерменија и Исланд.
Македонија сеуште е во трка за втората позиција која води во баражот за Мундијалот. Црвено-жолтите се на третото место на табелата во Ј групата со 12 бодови колку што има и четврто рангираната Ерменија која е нашиот прв противник и тоа веќе во четврток на мечот во Ереван од 18 часот.
Бод повеќе од нас и Ерменците имаат Романците, кои во последните две кола имаат полесна задача бидејќи ќе играат против двете последно пласирани селекции, Исланд и Лихтенштајн.
Во последното коло закажано за 14 ноември, македонската репрепрезентација во Скопје ја пречекува селекцијата на Исланд.
-

Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
