Македонија
15. May 2026 - 9:32

Новата сезона во Хераклеа почна со туристи од Шпанија, Франција, Германија и Белгија

Мозаиците во Хераклеа повторно се достапни за јавноста, а првите годинешни туристи се од Шпанија, Франција, Германија и Белгија, потврдија за МИА од НУ Завод и Музеј-Битола.

Според востановената пракса, мозаиците во античкиот локалитет Хераклеа Линкестис, ремек дела на ранохристијанската уметност, во периодот октомври-април се заштитуваат со заштитен слој од речна песок, деновиве песокот беше отстранет, а мозаиците откриени и достапни за јавноста.

Туристите најголем интерес покажуваат за мозаикот Голема Базилика, Мала Базилика и други мозаици кои се на површина од околу 1.300 квадратни метри, посочија водичите од НУ Завод и Музеј-Битола, институтција во чија надлежност е Хераклеа Линкестис, локалитет кој минатата година го посетија над 23.000 туристи од Полска, Франција, Италија, Германија, Чешка...како и од сите држави на Балканот.

 

МИА