Новата готвачка на Роналдо ќе заработи милион евра за една недела на јахта

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо и неговата партнерка, шпанската супермоделка Георгина Родригез, го планираат претстојниот одмор - на својата приватна јахта, кај шпанскиот остров Ибица. Покрај сите луксузни детали, двојката ќе има и приватна готвачка за ова патување, која за својата привремена работа, т.е. за само една седмица ќе заработи милион евра.
Се работи за Марта Гарсија Бу - позната инфлуенсерка која на социјалните мрежи се потпишува како Буки. Според наводите, Георгина ја исконтактирала Марта преку „Инстаграм“.
-Ако сакаат стек во 2:00 часот наутро, јас ќе се станам во 2:00 ч. наутро и ќе им го зготвам тоа. Тоа може да биде особено тешко бидејќи тие ќе патуваат како семејство, вклучувајќи ги и малите деца кои можеби имаат најголеми желби. Тоа ќе биде спектакл!, рече Марта.
Инаку, Марта по образование е инженер и работи како консултант во реномираната компанија „Делоит“. Сепак, нејзините готвачки вештини ѝ донесоа поголема популарност. На „Тик-ток“ ја следат речиси половина милион луѓе, а на „Инстаграм“ има скоро 400.000 следбеници.
Популарноста на интернет ѝ донесоа прилично големо внимание на готвачката, па таа ја стекна и довербата на бројни познати личности, меѓу кои и шпанскиот пејач Кеведо.
Ново на Сител
-

23 септември - ден на знаковниот јазик
-

Преглед на вестите од светот
-

Со изведување докази продолжува судењето за злоупотребите во Државна лотарија
-

Откриена нелегална плантажа со 680 килограми марихуана, приведени две лица
-

Националната стратегија за борба со корупцијата пред пратениците
-

Следната недела средба за правосудниот испит
-

Дел од граѓаните не знаат за своето културно наследство
-

Детството се сели на интернет, сè помалку игра, сè повеќе екрани
