Нова стратегија за развој на туризмот на југоистокот од земјава
Поголема едукација за создавање квалитетен кадар, отворање туристички информативни центри и многу поагресивна промоција надвор од државата се дел од предлозите на туристичките работници од Југоистокот за новата Национална стратегија за развој на туризмот 2027–2032 година. На работилницата што се одржа во Струмица, тие потенцираа дека и покрај сите убавини, регионот е речиси невидлив за странските гости.
Дека е потребна поголема видливост и координација на терен потврдува и професорот Сашо Коруновски, кој е дел од работната група за изработка на стратегијата. Тој нагласува дека туристичкиот производ е комплексен и дека во Македонија главно недостасува соработка меѓу агенциите кои го продаваат и чинителите кои реално го реализираат на терен.
Сите забелешки ќе бидат имплементирани во новата стратегија која, според професорот Коруновски, нема да биде само кабинетски документ, туку се крои директно од теренот.
-

Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
