Нова опрема за пожарникарите пред сезоната на пожари
Пожарникарите од Штип, Радовиш, Конче и Неготино добија нови противпожарни возила и современа заштитна опрема, со што значително се унапредуваат нивните капацитети за интервенција. Се работи за донација од Соединетите Американски Држави, насочена кон зголемување на подготвеноста и ефикасноста на територијалните противпожарни единици. Новата опрема ќе овозможи побрзи реакции на терен, поефикасно справување со пожари, но и повисоко ниво на безбедност за самите пожарникари и за граѓаните.
- Партнерството е во срцето на она што не обединува денс. САД се горди што стојат заедно со С. Македонија додека продолжувате да ги зајакнувате капацитетите за одговор при катстрофи. Работејќи заедно на национално и на локално ниво градиме побезбедни и поотпорни заедници за сите, изјави Никол Варнс, ВД амбасадорка на САД во Македонија.
Донацијата е особено значајна пред почетокот на летото, кога ризикот од пожари значително расте.
- Секоја инвестиција во превенција и интервенција има огромна вредност. Посебно е важно што се работи за современи возила, специјализирана опрема, заштитни униформи и средства за справување со шумски пожари, изјави Иван Јорданов, градоначаланик на Штип.
- Последните неколку години свецоци сме на големи шумски пожари кои се случуваат во Р. Македонија и секое вакво осовременување и подобрување на капацитетите на противпожарните единици сметам дека мошне е добродојдено, изјави Љупче Почивалец, градоначалник на Радовиш.
Според досегашните анализи, една третина од пожарите минатото лето се случиле на територијата на источниот и југоисточниот регион, при што изгореа неколку илјади хектари шума.
-

Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар
