Свет
24. April 2026 - 8:46

Норвешката влада планира забрана на социјалните мрежи за деца под 16 години

Норвешката влада денеска соопшти дека ќе предложи забрана за користење на социјалните мрежи за деца помлади од 16 години и дека технолошките компании ќе бидат одговорни за проверка на возраста на младите корисници.

-Го воведуваме овој закон затоа што сакаме детство во кое децата можат да бидат деца. Игрите, пријателствата и секојдневниот живот не смеат да бидат преземени од алгоритмите и екраните – изјави норвешкиот премиер Јонас Гар Стјоре во соопштението.

Според него, ова е важна мерка за заштита на дигиталниот живот на децата.

Како што најави владата, предлог-законот ќе биде доставен до парламентот до крајот на оваа година.

 

МИА

Ново на Сител