Внимавајте на „чет емотиконите“, оти може да имате проблеми со законот

Сите сме навикнати да ги користиме т.н. „чет емотикони“, оние мали сликички или анимации кои ги ставаме во коментарите во приватните, но и јавни онлајн разговори. Сепак, и со нив мора да бидеме внимателни, оти може да имате проблеми со законот.
Суд во Израел, на пример, на една двојка им изрече казна од 2.100 евра поради такви емотикони. Причината за тоа е проста: сликичките во четот „придаваат голем оптимизам", пишува порталот „Некст Веб“.
Луѓето си пишувале со човек по Јанив Дахан, којшто изнајмувал недвижнина преку интернет, па поради емотиконите, добил впечаток дека двојката има намера да го изнајми имотот. А, и самата порака укажувала на тоа.
Дахан ја симнал објавата од интернет и почнал преговори. По цела седмица разговори, двојката престанала да му враќа откако му ветиле дека ќе му пратат барања за преуредувања во станот, но тоа сепак не се случило. Оштетениот нашол други, порешителни клиенти, но сепак ги тужел претходните.
„Употребените сликички во преписката вклучуваат смешко, шише Шампањско, танцувачки фигури и друго. Тие иконки придаваат голем оптимизам. И покрај тоа што преписката нема обврзувачка моќ на договор помеѓу двете страни, го натерала тужителот да положи голема верба во желбата на обвинетите да го изнајмат неговиот стан", се вели во пресудата.
„Тие симболи на втората страна и укажуваат дека се е во ред, што е наведувачко, зашто во тој момент обвинетите веќе имале колебања во својата намера да го изнајмат станот", се додава во документот.
Затоа е добро да внимаваме што имаме на ум, кога испраќаме емотикони.
Ново на Сител
-

Лишен од слобода гостиварец баран со потерница за казна затвор во траење од осум години
-

Просечната нето-плата во февруари 46.159 денари
-

Најдолгото гостување во Македонија: Кратери осум часа патуваа за Силекс
-

Охрид и Силекс ремизираа во првото полуфинале од Купот
-

Без вода утре делови од Центар и Чаир
-

Уапсен скопјанец, во возилото му се пронајдени скоро 30 грама кокаин
-

Мицкоски од Виена: Определбата на Владата е јасна, градиме економија што создава, а не само троши
-

Потврдите од платените казни од системот „Безбеден град“ граѓаните нема потреба да ги носат во полициска станица
