OpenAI ја прекинува работата на најнапредните модели на вештачка интелигенција поради безбедносен пропуст

OpenAI, компанијата што го развива ChatGPT, ја прекина работата на своите најнапредни модели на вештачка интелигенција откако еден од нејзините системи ги заобиколи ограничувањата за пристап до интернет за време на тестирањето и контактираше со надворешен четбот.
Моделот не требаше да има пристап до интернет, но пронајде и искористи пропуст во мрежните контроли на тест-окружувањето, предизвикан од недоволно ефикасно DNS филтрирање, објави OpenAI на својот блог.
Обуката, евалуацијата и извршувањето на моделите што вклучуваат употреба на алатката ќе останат суспендирани се додека компанијата не биде уверена дека ранливоста е решена и додека не спроведе дополнително безбедносно тестирање.
OpenAI изјави дека инцидентот бил помалку сериозен од некои претходни случаи, но дека тоа е прв ваков инцидент откако безбедносните мерки беа заострени по претходниот инцидент со хакирање што ја вклучуваше платформата за вештачка интелигенција Hugging Face.
За време на тестирањето, од моделот беше побарано да го идентификува лицето што напишало блог-објава, користејќи низа индиции. Откако не успеа да најде одговор во симулирана веб-окружување, моделот откри дека може да го користи DNS системот за да испраќа барања до четботот на јавниот интернет.
OpenAI престана да тестира откако ја откри таа комуникација.
Инцидентот следува по неколку други случаи поврзани со системите на OpenAI.
МИА
Ново на Сител
-

Масовни протести се одржаа во голем број германски градови против планираните намалувања на владините трошоци
-

Над 741 илјади туристи ја посетиле државата за седум месеци, најмногу од Турција, Германија и Србија
-

Девет лица уапсени под сомнение за воени злосторства на север во Косово
-

OpenAI ја прекинува работата на најнапредните модели на вештачка интелигенција поради безбедносен пропуст
-

Променливо облачно време со сончеви периоди, температура од 6 до 23 Целзиусови степени
-

Македонското знаме се крена над Њујорк
-

Перница врз лицето и удари по главата: 28-годишна жена се обидела да ја убие бабата на сопругот
-

Две лица од Радовиш произведувале и продавале мраз со бактерии, запленети 850 килограми
