Loading Video...
Свет
23. September 2026 - 12:57

Преглед на вестите од светот

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во вторникот во своето обраќање пред 81-то Генерално собрание на Обединетите нации изјави дека САД би можеле брзо да го „уништат“ Иран, но не ја исклучи можноста за постигнување договор за прекин на конфликтот по среднорочните избори во САД во ноември, притоа тој се осврна и на обновата на Газа. 

„Стив (Виткоф) и Џаред (Кушнер) денес имаа многу продуктивен состанок со медијаторите на Иран. Само медијатори. Да видиме што ќе се случи со тоа. Тие се посредувани веќе некое време, но мислам дека има голем моментум за да постигнат договор. Тоа е она што го слушаме од сите.“

„Советот за безбедност на ОН едногласно го одобри мировниот план за Газа од 20 точки што го развивме заеднички, создавајќи го Одборот за мир, што е фантастично. И сакам да им се заблагодарам на нациите, повеќето нации околу масата, тие инвестираа милијарди долари за враќање на Газа и за помагање на Газа, помагајќи им на луѓето, навистина за да им помогнат на луѓето повеќе од сè друго, помагајќи им на луѓето во Газа.“
Американскиот претседател оствари средба и со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Катарскиот премиер и министер за надворешни работи, шеикот Мохамед бин Абдулрахман ал-Тани, се сретнаа со иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк. Двајцата претставници разговараа за регионалните случувања и напорите за деескалација на тензиите и создавање услови за дијалог за зајакнување на регионалната безбедност и стабилност.

Трамп го потпиша договорот заедно со данската премиерка Мете Фредериксен и премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, кој дозволува поголемо американско воено присуство на Гренланд и може да го реши спорот околу стратешки лоцираниот и богат со минерали остров.

Спогодбата, потпишана не го исполнува барањето на Трамп САД да го усвојат Гренланд како американска територија за да се спречи растечкото арктичко присуство на Русија и Кина. Но, договорот дозволува поголемо американско воено присуство на ледената територија, опција што се појави откако лидерите на Гренланд се спротивставија на целосно преземање од страна на САД.

Фредериксен го опиша договорот како „договор што може да „трае засекогаш“ и рече дека ја нагласува важноста на НАТО алијансата и го почитува правото на Гренланд на самоопределување“.